×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се уништува спортска опрема и во време на карантин

    07.06.2020 17:04 | KumanovoNews

    Безмилосно се уништува се` што е вредно и што треба да им служи на граѓаните на Општина Куманово. Најновиот вандализам е извршен врз еден од кошевите на игралиштето,  покрај спортската сала во Куманово.

    Се уништува спортска опрема и во време на карантин

    Таблата најверојатно е скршена со камен,  додека во градот се спроведува полициски час. Сликите беа денеска споделени на социјалните мрежи од вработени на Градскиот базен, по што граѓаните револтирано реагираат дека под итно треба да се спречи дивеењето на поединци.

    „Да се најдат сторителите и да се казнат со најстроги казни. Срамота и жално е ова што се прави во Куманово “, се дел од кометарите.

    Спортските игралишта беа изградени минатата година преку проект на Центарот за развој на Североисточниот плански регион, а предадени на користење на Општина Куманово.

    „Во последниов период, често сме сведоци на уништување на урбаната опрема поставена за граѓаните на Општина Куманово. Би упатил апел до несовесните граѓани да престанат со уништување, а до надлежните служби за одржување на јавниот ред во Куманово со зачестени контроли на терен, за да се обидеме сите заедно да ја зачуваме урбаната опрема“,  вели Владимир Павловски, кој е вработен во Центарот, а воедно е советник во Советот на Општина Куманово.

    На таа локација оштетена е и оградата на тениските терени. 

    Минатата недела беше објавена слика на која се гледаше откорната клупа од Градскиот кеј фрлена во коритото на реката Кумановка.