×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Серена ја исфрли шампионката Квитова од Вимблдон

    04.07.2012 08:49 | KumanovoNews

    Петра Квитова не успеа да ја одбрани минатогодишната освоена титулата на Вимблдон во четвртфиналето, откако беше поразена од Серена Вилијамс со 3:6, 5:7 по речиси час и половина игра.

    Серена ја исфрли шампионката Квитова од Вимблдон

    Американката одигра исклучително цврст натпревар и заслужено стигна до успехот. Помалата од сестрите Вилијамс успеа да направи брејк по еднаш во двата сета, што и беше доволно за пласман во полуфиналето.

    Освојувачката на 13 Гренд Слем титули продолжи со феноменалните настапи на свој сервис од почетокот на турнирот и овој пат реализираше 13 асови, со што ја зголеми вкупната сметка на 61.

    Серена беше стабилна и во разигрувањата, правејќи само 10 непредизвикани грешки.

    Ангелика Кербер исто така се пласираше во полуфиналето на Вимблдон откако ја победи Сабине Лисицки со 6:3, 6:7 (7), 7:5. Тоа беше прв четвртфинален дуел Гренд Слем турнир помеѓу две Германки од 1989-та година, кога Штефи Граф ја победи Клаудија Коде-Килш на Отвореното првенство на Австралија.

    Поставената под број 8 во шемата, Кербер, која стигна до полуфиналето на Отвореното првенство на САД минатата година, прокоцка три меч топки во вториот сет против 15-тата Лисицки и пропушти шанса да оствари чиста победа.

    Во третиот сет Кербер тргна доста лошо и во еден момент работите излегуваа надвор од контрола. Таа сепак направи брејк на сервис на Лисицки, кога таа сервираше за натпреварот при резултат 5:3. На 5:5, Кербер повторно направи брејк.

    Во последниот, 12-ти гејм, Лисицки, која во 4-тото коло ја острани првата светска тенисерка Марија Шарапова, се обиде да покаже карактер и се бореше цврсто спасувајќи четири меч топки. Кербер сепак ја реализираше петтата и триумфираше во германскиот четвртфинален дуел под спуштениот покрив на Централниот терен.

    Викторија Азаренка по победата во четвртфиналето ќе се сретне со Серена Вилијамс. Тенисерката од Белорусија ја запре серијата на Тамира Пашек од 9 победи по ред, елиминирајќи ја по успехот со 6:3, 7:6 (4).

    Така Азаренка е близу до враќање на врвот на светската ВТА листа. Единствената опција да не се случи тоа е ако загуби од Серена во полуфиналето, а во исто време Агнешка Радванска ја освои титулата. Полјакињата се пласира за прв пат во полуфинале на Гренд Слем турнир по победата со 7:5, 5:6, 7:5 над Марија Кириленко во дуел, прекинат на неколку пати поради дождот.

    Последното прекинување на средбата беше при 4:4 во третиот сет, но при продолжување на играта Русинката не личеше на тенисерката од почетокот на дуелот и правеше многу непредизвикани грешки, а Радванска го искористи тоа на најдобар можен начин, освојувајќи три од следните четири гејма.