×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Скок вице-шампион, тројца атлетичари репрезентативци

    06.06.2011 18:09 | KumanovoNews

    Машката екипа на атлетскиот клуб Скок од Куманово го освои второто место во финалето на Сениорскиот куп на Македонија што викендов се одржа во Охрид, каде атлетските клубови се натпреваруваа за најдобар клуб во државата.

    Скок вице-шампион, тројца атлетичари репрезентативци

    Воедно ова беше и изборен натпревар за сениорската репрезентација на Македонија што ќе учествува на европскиот куп во Исланд на 18-19 јуни , притоа 3 наши атлетичари со своите победи се изборија за статусот на репрезентативци. Тоа се:Огнен Павловски - 400м пречки, Марјан Нојковски - фрлање ѓуле и Гоце Димковски - фрлање диск.Тие на повеќето натпревари пред тоа остваруваа одлични резултати, а на овој натпревар за победите се изборија постигнувајќи и лични рекорди - вели тренерот Филип Колевски.

    Во Исланд како дел од националниот атлетски тим ќе патува и тренерот Колевски, кој е вклучен од селекторот и од Атлетската федерација како тренер во репрезентацијата веќе 3 години по ред.

    Ова е досега најдобар пласман постигнат од некој клуб во градот.