×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советот ќе организира хуманитарна трка за Теодосија и Ана

    10.05.2023 11:58 | Оливера Пешевска

    Советот на Општина Куманово ќе организира трка со хуманитарен карактер за прибирање на средства за помош при лекувањето на двете девојчиња Теодосија и Ана од Куманово. Трката ќе биде од ревијален карактер и ќе се одржи на 27 мај со почеток во 10 часот на Градскиот кеј.

    Советот ќе организира хуманитарна трка за Теодосија и Ана

    Ѓорѓиевска очекува масовен одзив на хуманитарната трка, бидејќи кумановци се познати како хумани луѓе.

    „Замислено е наместо плаќање на котизација да бидат поставени кутии за прибирање на хуманитарна помош. И најмалата донација ќе добие бројче и можност за учество во трката. Нема ограничување на сумата кој ќе се донира, секој може да приложи колку може и сака. Битно е да има што поголема масовност“, изјави Ивана Ѓорѓиевска, претседателка на Советот, за Кумановоњуз.

    Трката се организира со цел да им се помогне на семејствата на двете девојчиња од Куманово, кои имаат сериозни здравствени проблеми. Во моментов и двете се хоспитализирани и се лекуваат во болници во Истанбул, Турција. 

    Според информациите со кои што располага претседателката Ѓорѓиевска, на двете семејства дневно им се потребни по околу 1500 евра, за да ги платат вкупните трошоци за нивниот престој и лекувањето во Турција.

    Ѓорѓиевска очекува масовен одзив и ги повика учениците од основните и средните училишта,студентите, советниците, граѓанските здруженија, спортските клубови, бизнис заедницата, граѓаните, медиумите  да дадат свој придонес и да учествуваат во трката.