Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со победата од 4:0 над Италија, Шпанија стана новиот-стар шампион на европското првество во фудбал.
Двата гола во првото полувреме ги постигнаа Давид Силва и Жорди Алба, со што ја најавија доминацијата во финалето. Италија имаше шанси кои не ги искористи, но имаше и многу пехови на натпреварот како повредата на Киелини по што следуваше рана замена, а подоцна и Тиаго Мота кој поради повреда го напушти натпреварот па азурите го доиграа мечот со 10 играчи.
Како што изминуваше натпреварот, Шпанија делуваше се посигурно и успеа до крајот на натпреварот да постигне уште два гола.
Фернандо Торес стана најдобар стрелец со постигнување на третиот гол, а Мата најбрзиот стрелец одкако постигна гол по 1 минута и 14 секунди одкако влезе во игра.