Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Унијата на средношколци на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, по трет пат организира турнир во мал фудбал „Соколана 2012„.
Овој турнир пред се е да се овозможи дружењето и да се покаже спортскиот дух помеѓу младите средношколци од нашите средни училишта. На турнирот оваа година имаме пријавено 16 екипи, кои ќе бидат поделени во 4 групи, најдобрите две од секоја група се пласираат во четврт финалет каде ќе се игра на испаѓање. Од денеска па се до 14 јули ќе играме фудбал, ќе се забавуваме пред се ќе се дружиме во Соколана-изјави Филип Симоновски претседател на Унија на средношколци.
Турнирот го прогласи за отворен претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ во Куманово, Срѓан Ивановски.