Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово го загубија натпреварот против Торус СЦБТ со резултат 94:98.
Нашите кошаркари изиграа еден тежок и тврд меч против третопласираниот Торус. Во првите три периода од натпреварот, имаше резултатска неизвесност, во која Куманово имаше максимални 8 поени разлика. Седумте „тројки“ кои ги постигна Торус не му овозможија на Куманово да направи поголема разлика и да влезе во сигурна завршница.
Урош Луковиќ е трагичарот на овој меч, кога во клучните мигови постигна само две од шестте слободни фрлања. Поради пет лични грешки Куманово остана и без Милан Јањушевиќ кој го заврши натпреварот со 27 поени.
Торус во последните пет минути од натпреварот играше поорганизирано, додека акциите на Куманово се сведуваа на индивидуални потези и трошење на времето што не вроди со плод како на натпреварот против Фени.
Освен Јањушевиќ, најефикасен беше Александар Костовски со 24 поени 5 скока и 8 асистенции, додека кај Торус Димитар Караџовски постигна 25 поени а Перо Блажевски и Џастин Рејнолдс постигнаа 17 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра на гостински терен против Фени Индустри.