Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Осум златни, две сребрени и една бронзена медала освоија тројца членови на пливачкиот клуб „Делфин“ од Куманово на Интернационалниот пливачки митинг „Делфин Спирит 2022“, кој викендов се одржа на воениот базен во Скопје.
Најголем успех постигна Ерин Тричковиќ, со вкупно 9 награди, Андреј Живковски беше прв во дисциплината градно на 50 метри, додека Леонид Алексовски освои трето место во дисциплината 50 метри делфин.
На митингот учествувале вкупно 9 натпреварувачи кои постигнале одлични времиња, а најдобрите освоија и медали во различни конкуренции и категории.
„Пливачкиот клуб „Делфин“ може да се пофали со одлични резултати на ова натпреварување. Извонреден успех постигна Ерин Тричковиќ, за кој пошироката спортска јавност допрва ќе слушне. Тоа е дете кое го обели образот на пливањето во Куманово. Од вкупно 9 дисциплини во кои настапуваше освои 9 медали и тоа први места на:50м грбно, 50м делфин, 100м краул, 100м градно, 200м мешано,100м делфин, 200м краул и втори места за 50м краул и 50м градно. Тој е најдобар пливач во категорија 2011 година“, велат од клубот.