Утре започнува Супер-Куп Охрид 2015
25.09.2015 15:15
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово 2009 ќе учествуваат на првиот Супер Куп кој ќе се игра во салата Билјанини Извори во Охрид.
Супер-купот има натпрварувачки карактер и претставува увертира на годинешното кошаркарско првенство кое започнува за 2 недели.
Овојувачот на првенствтото и Купот на Македонија, како и второпласираните екипи во овие две домашни првенства се учесници на премиерното издание на оваа натпреварување.
Куманово ќе игра против актуелниот шампион МЗТ Скопје утре од 20:15, додека во другата двојка, Работнички ќе игра против тимот на Кожув, натпревар кој е закажан за утре од 17 часот.
Финалето е закажано за недела од 19 часот, а сите натпревари ќе можат да се проследат на МРТ.

