Велигденски турнир во кошарка
13.04.2012 14:38
| KumanovoNews
Утре во спортската сала Соколана ќе се одржи вториот Велигденски турнир во кошарка што го организира Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

На турнирот ќе учествуваат 16 екипи на месните комитети на УМС, кои ќе се натпреваруваат по систем на елиминација.
Можат да се пријават и други заинтересирани тимови кои сакаат да земат учество во овој традиционален турнир.
На најуспешните три тима ќе им бидат доделени дипломи и пехари, како и пофалница за најдобар играч на турнирот.