Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По завршената трка за ранг-листа на Македонија во Кичево, велосипедскиот клуб Вело-М Куманово го зазема првото место во клубското рангирање, со што ги покажува своите амбиции сезоната да ја заврши со победа.
Во елитната сениорска конкуренција, нашиот сограѓанин Ивица Давидовски се најде на првото место на ранг-листата на Македонија а веднаш зад него е Зоран Ристовски исто така од Куманово и член на Вело-М.
Треба да се забележи дека клубот настапи без своите најдобри велосипедисти, Стефан Петровски(победник на ранг листа за 2011), Бобан Андевски (1.место во државното првенство - хронометар 2011) и Александар Атанасвски.
Следната трка ќе биде во Охрид на 29.април, каде тимот ќе биде комплетиран и да ја покаже доминацијата во велосипедизмот во Македонија.
Во јуниорката конкуренција, Никола Ѓукиќ се најде на второто место, Денис Колевски е трет во кадетска конкуренција а Марио Петровски е на петтото место.
Во мастер конкуренција, легендата на македонскиот велосипедизам Изаим Бајрами сеуште се натпреварува и го завзема третото место.