Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска, со почеток во 15 часот во селото Доброшане ќе се игра фудбалски натпревар од Третата лига- Север, помеѓу Градскиот фудбалски клуб Куманово и гостувачкиот тим на Шкендија Арачиново.
Домаќините очекуваат тежок меч, но се надеваат на победа и достојна поддршка од публиката.
„Ако го дадеме нашиот максимум и ги исполниме задачите од нашиот тренер мислам дека 3 бода остануваат во Куманово. Сакам да ја повикам кумановската публика да дојде да не бодри во што поголем број, да ни биде поддршка и нашиот дванаесетти играч на теренот“истакна Горан Трајковски,капитен на ГФК Куманово.
ГФК Куманово има одличен старт во првенството, односно 3 победи на три натпревари. Успех за еден новоформиран клуб, во кој се донесени многу нови, квалитетни играчи со второлигашко искуство. За клубот, меѓу другите, настапуваат кумановски фудбалери, Горан Трајковски,Гоце Нешковски, Перица Стојановски.
„Тоа се млади фудбалери и нивното време допрва доаѓа и ќе имаат можност да се докажат на следните натпревари“изјави Даниел Стојановски, тренер на клубот.
Во текот на ова недела се играат три натпревари, решавачки за екипата во ова сезона. По неделниот натпревар со Шкендија Арачиново, во среда се игра со Еуромилк и наредната недела играат со БВК Коњари, исто на домашен терен. Овие три натпревари се многу важни, се надеваат дека во континуитет ќе продолжат со добра игра и дека ќе се оддолжат на публиката со добри резултати.