Во полуфиналето на ФА градско дерби на Манчестер
14.03.2011 10:25
| KumanovoNews
Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе играат во првото полуфиналето на ФА купот, додека во второто полуфинале се среќаваат Стоук и Болтон

Тоа беше епилогот по синоќешното извлекување на двојките.
Термините за одигрување на натпреварите се 16 и 17 април, а и двата натпревари ќе се одиграат на „Вембли“ во Лондон.
Во четвртфиналето беа постигнати следниве резултати:
Манчестер Сити - Ридинг 1:0
Стоук - Вест Хем 2:1
Манчестер Јунајтед - Арсенал 2:0
Бирмингем - Болтон 2:3