×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Згасна Одбојкарскиот клуб Куманово

    15.03.2023 20:19 | Оливера Пешевска

    Одбојкарскиот клуб Куманово, кој во 2017 година го освои Првенството и Купот на Македонија за жени, и беше еден од потрофејните клубови во градот, повеќе не постои. 

    Згасна Одбојкарскиот клуб Куманово

    По неколку успешни сезони, клубот последните години се соочи со  недостаток од простор за оддржување на тренинзите што доведе до пад на квалитетот.

    „Немавме слух од одговорните. Тогаш започна реконструкцијата на Спортската сала, а сите атрактивни термини во спортските сали на училиштата беа зафатени од други тимови. Добивме само 2 термини, напладне за време на викенд. Тогаш бевме клуб што имаше победи и носеше титули во градот, но за жал со намалување на тренинзите изостана и успехот“, изјави Денис Вујадиновиќ претседател на клубот и тренер, за Кумановоњуз.

     Тој  се обидел по иселувањето од државата да ги префрли своите обврски кон колегите од клубот, но изостанала волја, желба и посветеност.

    „Куманово има талентирани девојки, посветени на тренирање, и одбојката може да биде спортот кој ќе му носи успеси и гордост на градот. Знам дека сега постои Женски одбојкарски клуб, со целосно ново раководство и тренери кои работеа со мене во клубот.  Им посакувам многу успех во понатамошната работа“, изјави Вујадиновиќ, кој додава дека му било чест и задоволство да биде претседател и тренер на неколку генерации специјални девојки во клубот.

    „Засекогаш ќе ги паметам нашите успеси, подеми и падови, тажни и среќни моменти“, вели Вујадиновиќ.

    ОК Куманово со решение е избришан и од Централниот регистар. 

    (Фото.Фејсбук ОК Куманово)