Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарките на ЖКК Куманово освоија значајна победа на ЖКК Шкупи од Скопје од 12 коло на Првата Б лига жени.
„Особено сме горди на оваа победа, ова е втор пораз на гостинките и со нашата победа тие го изгубија првото место на табелата и сега се второпласирани.Во пролетниот дел на првенството очекуваме да ја подобриме нашата игра, да проработи хемијата меѓу играчите и се надеваме да го завршиме првенството со подобар пласман“, изјави Мартин Антевски, тренер на клубот.
Во зимскиот преоден рок во клубот беа донесени три засилувања Теа Алексовска од Куманово, Александра Петрушевска од Велес и Стефанија Костадиновска од Кавадрци. Се уште се воигруваат и се разработуваат тактиките. Просекот на годините на играчите на клубот е 16-18 години, релативно млад и неискусен тим, но во текот на сезоната се надеваат дека ќе го зголемат искуството и самодовербата за постигнување на уште поголеми успеси од наредната година.
Кумановските кошаркарки се 7 на табелата.