Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово со убедлива победа ја започнаа новата сезона, одкако вчера убедливо ја совладаа екипата на Прилеп со резултат 31:21.
Нашите ракометарки имаа лош старт на натпреварот и им требаше десетина минути додека го скршија ледот и го постигнаа првиот гол. За тоа време ракометарките на Прилеп постигнаа 4 гола.
Тоа беше се од гостите на овој натпревар, бидејки Куманово влезе во серија со која целосно го декласираше противникот. Победнкот беше познат во следните 20 минути, одкако Куманово замина на полувреме со резултат 17:8.
До крајот на ракометарките ја потврдија својата доминација во овој натпревар и го поставија конечениот резултат 31:21.
За ЖРК Куманово, Александра Боризовска беше најуспешна со 7 головии и Бранкица Марковиќ со 6 гола.
Во тимот на Прилеп, Ивана Ѓорѓиоска постигна 10 гола и Михаела Митревска го заврши наптреварот со 8 гола.
Следниот натпревар кумановчанки го играат против ЖРК Вардар Јуниор.