Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на женскиот ракометен клуб Куманово, денеска ќе одигра уште еден контролен натпревар против екипата на ЖРК Овче Поле, по оној од гостувањето пред пет дена.
Куманово оствари очекувано убедлива победа во првата средба со 13:36 во Свети Николе, откако и на полувреме имаше висока предност од 7:19. Тие во првиот дел од сезоната силите ги одмерија во рамките на 4-та рунда, каде Куманово победи со 49:18.
Овче Поле е екипа со учинок од 3 победи и 9 порази и се наоѓа на 10-та позиција во женската Суперлига.
Денешниот дуел ќе се игра на домашен терен, а истиот ќе започне во 20.30 часот во спортска сала во Економското училиште.
(Д.Д.)