Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Регионалниот синдикат велат дека овие луѓе се оставени без правна заштита во случај да имаат проблем поради неисплатени плати и придонеси од фирмите во кои работат.
Над 1000 работници од Куманово не се членови на синдикатот, ниту пак имаат организирана синдикална организација во фирмите во кои работат. Од Регионалниот синдикат велат дека овие луѓе се оставени без правна заштита во случај да имаат проблем поради неисплатени плати и придонеси од фирмите во кои работат.
Денеска во приватниот сектор се почесто се затвораат фирми, некои од оправдани други од неоправдани причини. Сопствениците не се во состојба да исплатат плати и придонеси по било кој основ. Тогаш работниците доаѓаат да се жалат кај нас, меѓутоа не можеме да им помогнеме бидејќи не се членови на синдикатот. Немаат синдикални организации во претпријатијата и затоа не можеме да ги застапуваме и да ги браниме нивните интереси. Само кога имаат мака доаѓаат во синдикат. Кога ќе им кажеме дека требало кај нас да се зачленат за да им помогнеме, велат дека не знаеле, не биле информирани - вели Миле Спасовски, секретар на регионален синдикат.
Тој објаснува дека на нивните членови им нудат бесплатна правна помош и имало работници кои ја истерале правдата до крај, ги добиле одработените плати и придонеси.