102 склучени брака и 22 разводи во Куманово
22.05.2014 07:28
| KumanovoNews
Во Куманово во првите три месеци од 2014 година се склучени 102 брака и се разведени 22 двојки.

Во Липково имало 79 склучени брака и 2 разводи, а во Општина Старо Нагоричане се склучени 7 брака и нема ниту еден развод.
Според податоците од Државниот завод за статистика во првото тромесечје годинава имало помалку склучени бракови споредено со лани, а бројот на разводи е во пораст.