×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 111 години Илинден и 70 години АСНОМ

    02.08.2014 06:06 | KumanovoNews

    Македонија денеска слави 111 години од Илинденското востание и 70 години од Првото заседание на АСНОМ.

    111 години Илинден и 70 години АСНОМ

    Празникот ќе биде одбележани со низа манифестации и големи народни собири во Крушево и во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

    Во Меморијалниот центар АСНОМ ќе присуствува премиерот Никола Груевски. За граѓаните кои сакаат да присуствуваат во Пелинце организиран е бесплатен превоз од повеќе локации во градот.

    Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател... Слободната Република траела десет дена.

    Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

    Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот  „Прохор Пчињски„ е одржано Првото заседание на АСНОМ, на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов Ченто.

    Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.