134 сообраќајќи во првите 6 месеци
На подрачје на СВР Куманово во првото полугодие се случиле 134 сообраќајни несреќи.
Повеќето сообраќајни незгоди со тешки последици се случиле на патишта во населени места, а помал број се на отворен пат. СВР Куманово евидентирало 6 загинати во наведените сообраќајќи, што е помалку од 2013 година кога имало 10 загинати.
Споредбено со претходната година бројот на сообраќајни несреќи со тешки последици е намален и се смета дека тоа е заради зачестените контроли од страна на полицијата.
Бројот на сообраќајни незгоди е идентичен со оној во СВР Штип, а повеќе има СВР Скопје 758, потоа е СВР Битола со 184, СВР Тетово со 158, СВР Велес со 128, СВР Струмица 112 и СВР Охрид 108.