16 селски училишта ќе добијат спортска опрема
05.12.2013 09:39
| KumanovoNews
Вкупно 16 основни училишта во кумановско и липковските села ќе добијат техничка и спортска опрема од Министерството за образование и Агенцијата за млади и спорт.

Во Општина Куманово ќе бидат опфатени 7 училишта, во Општина Липково 6 и во Општина Старо Нагоричане 3 училишта. Донациите е планирано да бидат распределени до крајот на оваа година. Училиштата ќе добијат фудбалски, ракометни, одбојкарски топки, пинг - понг маси, шаховски табли, домино сетови, мини двд плеери и друго.
Од министерството се надеваат дека донациите ќе придонесат за развој на училишниот спорт.