×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 209 кумановци се самоубиле за десет години

    19.09.2013 08:50 | KumanovoNews

     Депресивноста, социјалната несигурност, бесперспективноста, егзистенцијалната криза се фактори кои доведуваат до пораст на самоубиствата во нашиот град.

    209 кумановци се самоубиле за десет години

    Во периодот од 2001 до 2010 година во Куманово 209 луѓе си го одзеле животот. Според статистиката на МВР најголем број самоубиства се случиле во 2006 година кога биле регистрирани 26, потоа следуваат 2002, 2005 и 2007 година со по 23. Во 2008 година се самоубиле 20 лица, во 2003 имало 19 случаи на самоубистава, 18 луѓе посегнале по сопствениот живот во 2010 година, додека во 2004 година регистрирани се најмалку 15 самоубиства.

    Психијатарот Мице Дудучки вели дека: депресивноста, социјалната несигурност, бесперспективноста, егзистенцијалната криза се фактори кои допринесуваат за пораст на самоубиствата во нашиот град.

    Просечната стапка е 18 суициди на 100.000 жители што значи дека се работи за енормно висока бројка, поради што се наоѓаме во самиот европски врв според бројот на успешно извршени самоубиства. Обидите за самоубиство се секогаш 5-6 кратно повисоки од самоубиствата што зборува за загрозеност на нацијата, бидејќи по несреќите со смртен исход ова е најчеста причина за насилна смрт- вели др. Дудучи, од приватната здравствена ординација Анима.

    Црната статистика покажува дека најчесто се самоубиваат граѓаните над 30 години и тоа претежно мажи. Мотивите за самоубиство генерално се семејни расправии, болести, психички растројства и друго. Најголем број од луѓето животот си го одземаат со бесење, потоа со посегнување со оружје, скокање од височина, давење, труење со лекови и слично.

     Кумановци се борци и немаат некои посебни склоности кон суицид, но влијанието на енвироманталните фактори и на социјалната реалност, како и севкупната криза во сите сфери на општественото живеење доведе нашиот град да биде водечки по бројот на суициди.- додава Дудучки.

    Тој смета дека излезот од ваквата состојба е во раната детекција на ризичното однесување и третман на луѓето кои имаат здравствени проблеми. Затоа предлага локалната власт да оформи кризен центар за ментално здравје во кој со стручна подршка ќе се вклучат здравствените работници во градот.

    На ниво на држава луѓето кои се самоубиле претежно се од македонска националност.

    (фото: Од мостот на реката Пчиња во селото Добрешане многу кумановци заминале во неповрат, поради што граѓаните го нарекуваат и Мост на смртта.)