25 кумановци ќе добијат субвенции за сончеви колектори
17.06.2014 12:53
| KumanovoNews
Министерството за економија ќе додели субвенции на 25 кумановци за вградување на сончеви колектори во своите домови.

Државата помага со рефундирање на 30 отсто од парите потрошени за купување на сончев колектор, но под услов таа сума да не биде повеќе од 300 евра. Анализите покажуваат дека едно семејство кое што има вграден соларен термален колектор на годишно ниво може да заштеди 2.400 киловат-часа електрична енергија, односно околу 13.000 денари.
Субвенции на последното извлекување добија 606 домаќинства, а во изминативе 6 години се субвенционирани 2415 семејства за вградување на колектори.