05. 06. 2020 15:41

25 новозаболени и еден починат од коронавирус во Липково, еден случај во Куманово

25 новозаболени и еден починат од коронавирус во Липково, еден случај во Куманово

 Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во иминатите 24 часа регистирани се 26 новозаразени и еден починат од коронавирус.

Од нив 25 се од Липково и еден од Куманово. Починатиот е маж на 52-годишна возраст од село Никуштак, кој се лекувал на Инфективната клиника и потекнувал од семејство каде што има повеќе заболени од КОВИД-19.

„Станува збор за заболени од селата Слупчане - 16, Липково -6, тројца од Матејче и еден од Куманово“, вели Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје во Куманово.

Вчера се направени 70 тестирања. Денеска продолжува масовното тестирање во липковскиот регион, а по закажан термин од матичен лекар и контролните тестови се прават во Центарот во Куманово.

Директорот Арифи вели дека повеќето жители на липковските села повеќе не одбегнуваат да се тестираат како порано, бидејќи ја увиделе сериозноста на болеста.

 „Во справувањето на кризата се вклучи МВР, Општината, здравствените работници, верските заедници, директорите на училиштата и сите релевантни чинители за да се спречи ситуацијата да излезе од контрола. Состојбата е алармантна бидејќи Липково како една мала рурална општина има повеќе заболени и починати од пола Источна Македонија“, - вели Арифи.

Во Липково досега се регистрирани 156 заболени, 92 се активни, а 6 починати.

Липково е општина во која по последниот попис имало 27.000 жители, но поради масовното иселување на жителите во Куманово и западно-европските земји се проценува дека бројката е помеѓу 20 и 25 илјади жители.


2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk