Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На триесетипрвата годишнина од смртта на Јосип Броз Тито, некогашниот претседател на СФРЈ, денеска на споменикот на Градскиот плоштад беше положено цвеќе. Почитувачите на негово дело, традиционално се собраа да му оддатат почит.
Се собравме овде за да не дозволиме да се заборави ликот и делото на човекот кој го одбележа 20 век.Неговите заслуги не треба посебно да ги набројувам, но сакам да апелирам да не се забораваат фактит и да се менува историјата.Македонскиот народ треба да биде благодарен на неговото дело бидејќи, во негово време ја создаде својата државност-рече Томислав Стојковски, пред присутните.
Во текот на денот неговите следбеници од поранешна Југославија ќе ја одбележат смртта на Тито со положување на цвеќе, а ќе биде оддадена почит во „Куќата на цвеќето“ во Белград.
Водачот на југословенските комунисти и доживотен претседател на поранешните држави на Југославија почина на 4. мај 1980 година во Љубљана, а погребан е во „Куќата на цвеќето“, на Дедиње во Белград.