Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово од јавните површини дневно се собираат по 8 кубици суво лисје.
Од ЈП “Чистота и зеленило“ објаснуваат дека дел од есенските лисја се употребуваат за производство на компост.
Од тротоари, улици, паркови, зелено - цветни површини се изнесуваат сувите лисја и она што е чисто се користи за компост. Лисјата помешани со смет се фрлаат на депонија. Сувите лисја постојано паѓаат, некои порано, некои подоцна и во есенските денови се работи на нивно собирање низ целиот град - рече Благица Јовановска, раководител на техничко - технолошки сектор во ЈП “Чистота и зеленило“.
Таа објаснува дека се подготвуваат за засадување на есенско цвеќе, дополнување на жардињери, косење на тревни површини, a одговараат и на барањата за кастрење на стари дрвја.