09. 04. 2020 11:55

80 здравствени работници од Кумановската болница се во самоизолација

80 здравствени работници од Кумановската болница се во самоизолација

Oд 700 вработени во Општата болницата Куманово 80 се во самоизолација, информираше министерот  за здравство Венко Филипче, пред два дена откако ја посети оваа здравствена установа.

–  Од 700 вработени има уште 80 кои се во самоизолација и ќе се тестираат согласно периодот на инкубација. Во Кумановската болница 18 вработени се позитивни и работата таму е реорганизирана, - рече Филипче.

Според податоците на Институтот за јавно здравје до 7 април,  регистрирани се 72 случаи на заболени здравствени работници  од коронавирус во земјава.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk