Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Употребата на адвокатските маркички е ставена во мирување со одлука на Уставен суд, но адвокатите наскоро ќе мора да издаваат фискални сметки.
Од страна на Уставен суд усвоена е иницијатива на Адвокатска комора, потврдено е дека поголем дел од одредбите од Законот за адвокатски маркички не се онакви какви што треба, дека приговорите се оправдани. Прават проблеми во работата на адвокатите во постапување во судовите. Уставниот суд ја усвои иницијативата и издаде привремена мерка, односно забранета е примена на одредени одредби и автоматски целиот закон го прават неприменлив - вели Жикица Стоиљковиќ, претседател на Адвокатска заедница Куманово.
Во рок кој ќе го одреди Собранието на Република Македонија најверојатно за два месеци се очекува адвокатите во своите канцеларии да користат фискални апарати и да издаваат фискални сметки.