×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Aфиканска чума откриена во одгледувалиште во Тромеѓа, потврди АХВ

    10.12.2022 09:40 | Сузана Николиќ

    Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) потврди дека е откриена болеста африканска чума кај свињи во едно одгледувалиште во селото Тромеѓа. Во фармата е спроведена депопулација и нештетно отстранување на угинатите и евтаназирани свињи, а земени е мостри за лабораториско испитување и извршена е дезинфекција. 

    Aфиканска чума откриена во одгледувалиште во Тромеѓа, потврди АХВ

    „Во селото Тромеѓа, како и во сите контактни одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болест, ќе се спроведуваат мерки на евтаназија и нештетно отстранување на сите свињи, со цел спречување на ширење на заразата со компензација на уништените свињи. Депопулација нема да се спроведе само во одгледувалиштата со 11 или повеќе маторици, или повеќе од 100 свињи за тов, кои се категоризирани со низок ризик“, велат од АХВ, и додаваат дека претходно биле спроведени клинички прегледи на фармите и идентификација на свињите.

    Од АХВ објаснуваат дека во зоната од три километри се спроведува само депопулација со колење кај некомерцијалните одгледувалишта и кај комерцијалните одгледувалишта со висок ризик и на одгледувачите им се исплаќа компензација. Во останатите комерцијални одгледувалишта по потреба на производниот процес и по претходно одобрување од официјален ветеринар, свињите можат да одат на колење во одобрена кланица, а месото се користи единствено за преработка со термички третман во одобрен објект.

    Согласно последните податоци на Агенцијата за храна и ветеринарство, во вториот бран од појавата на болеста афричка чума, во Источниот и Североисточниот регион, депопулирани се вкупно 5.541 свиња, од нив евтаназирани се 3.911 свињи, а на колење се испратени 1 630 свињи. 

    Во општините Старо Нагоричане и Куманово евтаназирани се вкупно 658 свињи. Во првиот бран од појавата на вирусот во јануари годинава, депопулирани беа 688 свињи, од нив 264 беа убиени и нештетно отстранети (зона од 3 километри), а 424 свињи беа заклани во кланица.