×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Акција за пошумување на Студена Вода организара УМС Куманово

    17.11.2023 15:29 | Оливера Пешевска

    Утре со почеток во 10 часот ќе започне акцијата за пошумување на Студена вода, што ја организира Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е прва од четиритте поголеми акции до крајот на годината кои ги најави УМС на прес конференција пред медиумите.

    Акција за пошумување на Студена Вода организара УМС Куманово

    „Ќе засадиме 365 садници за секој ден од годината. Потоа ќе донираме средства во Црвен крст, предновогодишно ќе го посетиме Дом на стари лица „Зафир Сајто” со цел да поразговараме и да дадеме поддршка на највозрасните сограѓани, ќе има ѝ изведба на неколку музички нумери специјално наменети за згрижените лица во домот. И на крај ќе организираме голема предновогодишна забава и во рамките на настанот ќе има проекција на краток филм во кој ќе биде прикажана работата на УМС од Куманово за 2023 година. Ќе завршиме со акција за доделување на новогодишни пакетчиња на најмладите во Куманово“, истакна Емил Димитриевски,потпретседател на УМС Куманово.

    Младите сили потенцираа дека изминува уште една година исполнета со многу предизвици за младите. Во 2023 година реализирале многу активности, во мошне неповолни услови.

     „Доминантно е чувството на бесперспективност како резултат на целосната системска маргинализација на младите од страна на државната власт. Нашиот главен приоритет беше и останува, УМС да биде предводник во борбата против неправдите и сите форми на дискриминација со кој се соочуваат младите во Македонија. Должни сме како најголема организација на младите, да работиме секојдневно на подигање на свеста кај сите за неопходноста од заедничка борба, да се разбуди слободарскиот дух кај сите, со цел да предизвикаме  коренити промени во нашата татковина“, истакна Димитриевски.

    Од Унијата на млади сили ги повикаа сите млади да земат активно учество во нивните активности, за да ги здружат силите, затоа што сметаат дека само така ќе може помладата генерација да се избори за подобра иднина на сите во Куманово и во Македонија.