Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Имате стар телефон, компјутре, лаптоп? Можете да го подарите на некого кому му е навистина потребен“, е повикот кој го упати средното стручно училиште „Наце Буѓони“ во Куманово и започна акција за собирање на опрема, која ќе им биде донирана на учениците од социјално ранливите категории кои имаат проблеми да следат онлајн настава.
„Покренуваме иницијатива за собирање на стари електронски уреди за следење на настава: смарт телефон, лаптоп, таблет и компјутер, кои ќе бидат поделени на ученици од училиштето „Наце Буѓони” Куманово. Овие уреди ќе бидат распределени во соработка со стручните служби на училиштето и класните раководители, кои ги имаат информациите за учениците на кои им е најпотребен електронскиот уред. Уредите може да ги донесете во денови од понеделник до петок, од 7 до 11 декември, од 8:00 до 18:00 часот, на главниот влез, - информираат од училиштето.
Истовремено, училиштето започнува и иницијатива за собирање на донации за семејството Драгишевски во село Стрновец.
На семејството му се потребни: обувки и облека, ќебиња и постелнини, средства за лична хигиена и чистење, конзервирана храна (што стои подолго) и училишен прибор
Од училиштето апелираат до граѓани, донациите да ги спакуваат во кеса или кутија и на истата да има лист со наведена содржина на донацијата.