×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ако сте отсутни за Нова година, заштитете се од кражби

    31.12.2014 12:55 | KumanovoNews

    Граѓаните кои за дочекот на Новата година ќе бидат надвор од градот или државата, треба да го заштитат имотот од кражби.

    Ако сте отсутни за Нова година, заштитете се од кражби

    Од отсекот за превенција при СВР Куманово советуваат граѓаните на социјалните мрежи да не откриваат каде се, за да не намамат крадци во својот дом.

    “При напуштање на домот апелираме да обезбедат соодветна заштита на својот имот и граѓанска совесност за будност и заштита на имотот на другите во нашата непосредна близина. Соодветно обезбедување на пари и вредни предмети или оставање на лице кое што ќе го чува домот. Да се преземат сите мерки Новогодишните и Божиќните празници да поминат во убава атмосфера без дополнителни нервози и проблеми“ - изјави Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.

    Богдановска вели дека мобилни телефони, лап топи и чанти, не треба да се оставаат во возила на видно место за да не бидат мета на кражби.