Албион Лимани со две награди на фестивал во Бугарија
Албион Лимани од Куманово, ученик во ОУ “Наим Фрашери“, викендов учествуваше на меѓународниот музички фестивал во бугарскиот Велинград и освои две специјални награди.

Албион на фестивалот беше заедно со неговиот професор по музичко и Адем Имери од Скопје. Композицијата е на Ерол Јакупи, а автор на песната “Ѕвезда на сцената“ е Асдрен Челику. Албион освои две специјални награди и пехар во конкуренција на 150 деца во истата категорија - вели Ханифе Лимани, мајката на Албион.
Со истата песна Албион има освоено трето место во мај во Скопје на фестивалот “Илбери“.
Албион Лимани има осум ипол години и е член на балетското студио “Ултра“ во Куманово.