Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Александар Гелевски е избран за нов директор на Агенција за планирање на просторот. Гелевски досега работеше како секретар на Општина Куманово од август 2020 година.
Александар Гелевски е избран за нов директор на Агенција за планирање на просторот. Гелевски досега работеше како секретар на Општина Куманово од август 2020 година.
„Добро сум запознаен со обврските, задолженијата и работните процеси во институцијата. Првите осум години, од 2006 до 2014 бев работно ангажиран во „Урбан ГИС“ ДОО Куманово, што е подружница на агенцијата. Работам во областа за која сум се образувал, а можам да ветам дека ќе се посветам стручно и професионално во извршувањето на моите обврски“, изјави Гелевски.
Дипломирал на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година. Поседува овластување од областа на урбанизмот и архитектурата, како и уште 5 стручни овластувања од областа на проектирање и урбанизам. Работел во Одделението за урбанизам во локалната администрација.
Александар Гелевски е избран на конкурс на Агенцијата за планирање на просторот, и има 4 годишен мандат на функцијата.