Мени

Алексеј Стојановски го освои Отвореното првенство во тенис до 18 години

31.08.2026 22:16 | KumanovoNews

Алексеј Стојановски од ТК „Тумба“  од Куманово е победник на Отвореното првенство во тенис на Македонија за јуниори до 18 години, кое викендов се одржа на терените на ТК „Поинтер“ во Скопје.

Алексеј Стојановски го освои Отвореното првенство во тенис до 18 години

Во финалето, Стојановски по голема борба го совлада клупскиот колега Марин Стефановски со 6:4, 6:7(4), 10:8 во супертајбрејкот.

„Финалниот меч донесе неизвесна борба и одличен тенис, а двајцата млади тенисери прикажаа високо ниво на игра, техничка зрелост и спортски дух. По неколку часа игра во висок ритам, Стојановски беше посконцентриран во решавачките моменти и ја заслужи победата. Стефановски, пак, со својата борбеност до самиот крај потврди дека е меѓу младите тениски таленти со голем потенцијал“, велат од клубот.

Отвореното првенство во тенис на Македонија за јуниори и јуниорки до 18 години се одржа на 29 и 30 август, а турнирот понуди атрактивни и неизвесни натпревари и уште еднаш го потврди потенцијалот на македонскиот јуниорски тенис.