Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓанската иницијатива “Аман“ утре во 18 часот на Градскиот плоштад ќе ги собере граѓаните да го искажат своето незадоволство од секојдневните ценовни шокови.
На вториот протест организаторите се надеваат на поголема излезност, бидејќи на социјалните мрежи ги пласираат сите информации како ќе течат протестите.
Тие коментираат дека масовно треба да се покаже револтот како што тоа го прават жителите на соседните држави. Кумановци сметаат дека од нас зависи како ќе живееме и сами треба да се избориме за подобри услови. Апелираат до сите кои се засегнати од поскапувањата да излезат на протестотит и пред подружниците на ЕВН.