×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Амбиенталната архитектура ќе се обновува со проекти

    17.02.2011 15:27 | KumanovoNews

     Куманово денеска беше домаќин на работната група на Асоцијацијата на градови со амбиентална архитектура што има задача да изготви програма на  активности што ќе се реализираат во наредните две години.

    Амбиенталната архитектура ќе се обновува со проекти

    Нашата асоцијација е формирана под покровителство на Француската асоцијација на градови со амбиентална архитектура.Тие како партнери ќе не посетат на крајот на месецот, каде заеднички треба да презентираме програма за нашите активности на локално и државно ниво. Со тие проекти ќе аплицираме во Европските фондови- вели Горан Митевски, член на асоцијацијата од Куманово.

    Куманово во своите активности планира инвентаризација на амбиентално-архитектонското наследство,или скенирање на постојната состојба во која се наоѓаат објектите. Со преокти ќе се заштитат неколку индивидуални стари објекти кои се во распаѓање, како и заштита на Занатскиот дом, Соколана, Стар мерак и други.

    На работниот состанок присуствуваа претставници од Берово, Велес, Кочани и Штип, како и професори од Архитектонскиот факултет.