Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Андреја Маџовски, дипломиран професор по физичко образование е назначен за в.д. директор на ЈП „Куманово-паркинг“.
Тој доаѓа на местото на Сашо Петрушевски, кој замина на повисока функција во МВР.
Новиот директор вели дека му е чест да го води претпријатието кое во моментот нема проблеми, но, сепак, планира да воведе одредени новини и модернизација во работењето.
„Моја заложба ќе биде да се задржи она што е добро, но и да се подобри онаму каде што има простор, се со цел да се пружи квалитетна и навремена услуга на граѓаните. Во скоро време ќе биде пуштена во употреба реконструираната спортска сала, тоа ќе биде голем предизвик не само за мене како директор и спортски работник, туку и за граѓаните. Исто така, ќе работиме и на изнаоѓање решенија за зголемување на бројот на паркинг места, бидејќи потребите на градот се многу поголеми од она што во моментот го имаме“, изјави Маџовски за Кумановоњуз.
Маџовски беше директор на МКК Куманово, а работел и на проекти со деца со попреченост. Тој е член на партијата ЗНАМ и беше на листата за пратеници.