Ангажирани 20 сезонски пожарникари
Територијална противпожарна единица Куманово ангажираше 20 сезонски пожарникари кои до 10 октомври ќе бидат дел од екипите кои интервенираат при пожари во Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Пожарната единица сега брои 46 вработени и располага со 8 противпожарни и едно теренско возило, кои се во исправна состојба и подготвени за интервенција.
- Тие ќе бидат ангажирани до 10 октомври, меѓутоа во зависност од временските услови може да се продолжи нивниот договор. Се зависи од состојбите на теренот и можностите на локалната самоуправа, бидејќи сите сезонски пожарникари се ангажирани преку општина Куманово. Во смена имаме 9 до 10 пожарникари што е задоволително. Се надеваме дека нема да имаме многу работа, дека времето ќе ни оди од рака - изјави Деан Илиевски, командир на Територијална противпожарна единица Куманово.
Засега бројот на пожари не е алармантен и дневно пожарна има една до две интервенции.