×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Англунипе“ подели пакетчиња на ромските деца

    31.12.2015 13:57 | KumanovoNews

    Хуманитарното ромско здружение „Англунипе“ по девети пат денеска подели пакетчиња на деца од ромска националност.

    „Англунипе“ подели пакетчиња на ромските деца

    Пакетчиња добија педесет деца кои го изучуваат предметот јазик и култура на Ромите и деца од социјално загрозени семејства. Од „Англунипе“ велат дека оваа генерација се интегрира во општеството и им посакаа да имаат среќа и здравје.

    Да имаат многу среќа и здравје, да бидат добри ученици, да се интегрираат во општеството и да живеат во една сигурна и стабилна Македонија. За прв пат во нашиот град се изучува ромскиот јазик и култура и ги опфативме сите тие деца, и оние кои се од социјален карактер. Направивме еден пресек од нивното учење, видовме дека сакаат да го учат ромскиот јазик, веќе научиле неколку песнички и тоа ни дава надеж дека овие деца од мали нозе ќе се интегрираат - изјави Мерџан Демирали, претседател на „Англунипе“.

    Децата имаат различни желби. Во 2016 година некои сакаат да имаат здравје, среќа, да добијат пакетче од Дедо Мраз и слично.

    Многу сакам да донесе Дедо Мраз пакетчиња и многу играчки - рече Бајрам Исмаил, ученик.

    Демирали се заблагодари на Оливер Спасоовски, генерален секретар на СДСМ  и министер за внатрешни работи бидејќи му помогнал да се реализира денешната донација со пакетчиња.