×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Анимо“ Куманово ќе ги штити животните

    02.10.2013 15:07 | KumanovoNews

    Наскоро во Куманово ќе почне да функционира првата невладина организација за заштита на животните “Анимо“, која ќе помага и за нивно згрижување.

    “Анимо“ Куманово ќе ги штити животните

     Организацијата деновиве ќе биде и официјално регистрирана, а нејзините членови апелираат до граѓаните да не се изживуваат на животните на улица, да не ги фрлаат милениците додека се сеуште мали, а доколку забележат повредено или болно животно на улица да му помогнат или да се јават на ветеринар.

    Доколку најдат некое мало животно децата да не се сурови со нив и да ги малтретираат. Во најголем број случаи имаме такви поплаки затоа што некои деца на улица палеле крзно на куче или влечеле маче. Тие се мали, беспомошни животни и неможат да се спротивстават. Ние секогаш сме во пресрет на оние што ќе не побараат, ќе сакаат да вдомат животни кои други неможат да ги чуваат. Или ако некој сака да ги фрли милениците, ние привремено ги згрижуваме и потоа ги подаруваме  - велат од “Анимо“.

     Младите волонтери порачуваат до сите граѓани кои сакаат да им дадат подршка и да им се приклучат во борбата за правата на животните да ги контактираат на https://www.facebook.com/gisakamzivotnite.