АПМ го поздравува санирањето на улиците во Куманово
25.08.2015 11:05
| KumanovoNews
Извршниот одбор на Алијанса за позитивна Македонија Куманово, го поздравува проекот на градоначалникот и локалната самоуправа за обновување и комплетно санирање на улиците низ градот.

Воедно апелираат и ги охрабруваат надлежните ваквиот тренд да продолжи и понатаму.
Исто така очекуваме и централната власт да се пушти во решавање на проблемите на граѓаните на Куманово. За почеток АПМ Куманово предлага насочување на барем една странска инвестиција или рестартирање на постоечките - велат од АПМ.
Се надеваат дека со рестартирање на постоечките капацитети или донесување на нови инвестиции ќе се намали невработеноста во Куманово.