Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жители на скопското село Арачиново, С.А.(52) и С.Р.(44) пазарувале со лажни евра во Куманово и во селото Пчиња.
Двајцата измамници, откако ги набавиле лажните банкноти во апоени од 50, 100 и 500 евра, ги потрошиле во близина на Зелен пазар и во село Пчиња. Тие купиле алкохол и сончоглед од С.М.(69) од Куманово и од С.В.(40) од Пчиња за што им дале 50 и 100 евра. Трговците се посомневале во вистинитоста на банкнотите и го пријавиле во полиција.
Арачиновци ќе одговараат кривично за „фалсификување пари“, измамените за „недозволена наплата и исплата во ефективни странски пари“ од Законот за девизно работење.