Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Архиепископот на Македонската православна цркава г.г Стефан утре на празникот Свети Никола ќе присуствува на литургијата која во Стара црква ќе почне во 8.30 часот.
Со свечената литургија ќе чиноначалствува владиката Кумановско - осоговски Јосиф Лешочки, а ќе присуствуваат и владиката на Тетовско - гостиварската епархија Јосиф, голем број ѓакони и свештеници.
Ќе биде тука и нашиот црковен хор кој ќе ја збогати прославата на Свети Никола. Се надевам дека кумановчани навистина ќе го почувствуваат Свети Никола како свој патрон на град, бидејќи соборниот храм го носи неговото име. Најправилно прославување не е тоа пред трпезите да се грижиме колку и што ќе принесеме. Вистинското почитување на Свети Никола е за време на литургија додека сме собрани сите на молитива - вели Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско - осоговска епархија.
Тој ги повика граѓаните да дојдат на литургија и да се помолат за здравје, среќа, благосостојба на семејството и блиските.