Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Армијата на Република Мекдонија ќе и помогне на полицијата на северната и јужната граница, како и на коридорот 10, во справувањето со напливот на мигранти.
Ова денеска го најави претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов при посетата на граничен премин Богородица.
“Армијата ќе биде ангажирана да го обезбеди овој дел од границата што го спомнав од околу 50 километри на јужниот дел, но и да се обезбеди северниот дел кај Табановце. Исто така, треба да се помогне на полицијата во обезбедување на Коридорот 10 преку кој транзитираат сите бегалци – изјави претседателот Иванов.
Според последната евиденција на МВР од примената на измените на Законот за азил од 19 јуни заклучно со денеска во 8 часот, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 14.311 странски државјани. Од нив според државјанство најборни се државјаните на Сирија и тоа 10.336, од Авганистан се 1.182 и од Ирак 761.