×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Асфалтирана улицата “Есперанто“

    12.12.2012 13:21 | KumanovoNews

     Градоначалникот Зоран Дамјановски и советниците  Фериз Дервиши и  Дритон Рамадани  денеска пресекоа црвена лента и ја пуштија во употреба асфалтираната улица “Есперанто“ во месна заедница Тоде Мендол.

    Асфалтирана улицата “Есперанто“

    - Проектот е завршен пред десетина дена. Се направи патна инфраструктура во должина од 450 метри. Имаме дополнување од уште една улица која ќе биде до “Поток Серава“. Таа е во должина од 60 метри, така што околу 5 милиони денари ќе биде инвестицијата, а изведувач е градежна фирма “Бетон“ од Скопје.Ние сме задоволни од квалитетот и продолжуваме со нашата инвестициска програма, ќе ги задоволиме потребите на граѓаните од секој дел на градот. Овдека во минатото не беше многу инвестирано, во оваа година и лани само во овој дел имаме над седум инфраструктурни проекти - изјави Дамјановски.

    Шабан Демири, претседател на месната заедница Тоде Мендол рече дека на улица “Есперанто“ живеат 60 домаќинства, а месната заедница има 16.000 жители.

    - Ова е еден голем придонес за граѓаните на овој дел и еден проект плус за Општина Куманово. Многу сме благодарни и посакуваме успех за понатаму. Во последниве десет години немаше некои инфраструктурни проекти. Ова е почеток на инвестирање - кажа Демири.

    Жителите раскажуваат дека претходно за да поминат по улицата морале да поминуваат низ дупки и кал.