Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Завршено е асфалтирањето на улиците „Огнен Прица„ и „Перо Шварц„.
Се работи за две кратки улички од неколку стотини метри за кои се издвоени над 3 милиони денари, сретства од буџетот на општината Куманово.
На улицата Огнен Прица се асфалтирани околу 250 метри, а поради нерешени имотно-правни односи останува да се довршат уште педесетина метри. Целиот проект чини 2 милиони денари. На Перо Шварц должината на асфалтот е 200 метри а чини 1.1 милион денари- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, кој ги пресече лентите на свеченото пуштање на улиците.
Жителите го поздравуваат завршувањето на сообраќајниците.
Многу сме среќни што конечно дочекавме да ни стават асфалт. Преку зима газевме кал, а лети се гушиме во прашина. Ова требаше многу порано да се направи, бидејќи сокачињата се кратки, но благодарни сме на градоначалникот што го исполни ветувањето- изјави еден повозрасен граѓанин.
Улицата „Огнен Прица„ е наоѓа во населбата Тоде Мендол, а уличката „Перо Шварц„ ја поврзува улицата Драган Стопаревиќ со т.н. Бунарче.