Асфалтирање на Табановце
27.11.2015 09:55
| KumanovoNews
Царинската управа на Република Македонија започна со реконструкција на асфалтот на граничниот премин Табановце, кoе ќе трае во наредните 15 дена.
Асфалтирање се врши на влез во државата и тоа на делот од лентата за автобуси и пред колската вага за мерење на тешки товарни возила, како и на излез од терминалот пред наплатната куќичка.
Сообраќајот на влез во Република Македонија за тешките товарни возила ќе се одвива позабавено, но нема да има прекин.
За време на овој период, на граничниот премин Табановце ќе се царини само еднолична стока која е лесно бројлива, за останатите видови стока ќе видат транзитно пренапатени до царинска испостава по избор на увозникот.

