×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Атлетски митинг за 11 Октомври се одржа во Куманово

    10.10.2015 11:23 | KumanovoNews

    Во пресрет на утрешниот празник 11 Октомври, на атлетскиот полигон кај техничкото училиште денеска се одржа атлетски митинг во организација на атлетски клуб “Куманово“, Атлетска федерација на Македонија и Општински сојуз на спортови.

    Атлетски митинг за 11 Октомври се одржа во Куманово

    Спортисти од повеќе градови се натпреваруваа во повеќе дисциплини.  Овој атлетски митинг се одржува трета година по ред и им дава шанса на младите атлетичари да ги покажат своите способности.

    Атлетскиот митинг има две различни програми. Има школска програма за основни училишта. Таа програма вклучува натпревари за 6 и 7 одделение и 8 и 9 одделение исто во машка и женска конкуренција. Тоа е таа школска програма за забава, популаризација и имаме учесници  од училишта од Куманово, Скопје и Прилеп. Главната атлетска програма вклучува натпреварувачи од атлетските клубови и тука се дисциплините 60 м и 600 м во машка и женска конкуренција, фрлање ѓуле во женска, скок во височина во машка, диск во женска, 300 м трчање машка конкуренција и скок од место во машка конкуренција“ - изјави Филип Колевски, претседател на атлетски клуб “Куманово“.

    За рекреативците има рекреативна трка, како и фамилијарна штафета 3 пати по 200м. Оваа семејна штафета е воведена од лани.

    Дејан Анѓеловски, генерален секретар во Атлетската федерација на Македонија рече дека во Куманово атлетиката доживува експанзија.

    Последниве неколку години навистина Куманово е во една експанзија. Секој град треба да добие една ваква патека, да се работи со стручните кадри, да се селектираат по школи и со поддршка на државата и локалните самоуправи навистина мислам дека ќе направиме еден исчекор напред“ - кажа  Ангеловски.

    И покрај лошото време, младите беа упорни во напорите да остварат што подобар резултат.

    Ќе трчам на 600 м. Доста се подготвував за овој натпревар бидејќи ми е последен натпревар и многу важен. Со натпреварите доаѓа и конкуренцијата. Две години се занимавам со атлетика. Претходно тренирав кошарка, но овој спорт повеќе ми се допаѓа“ - вели Иван Тимчевски, член на атлетски клуб „Куманово“.

    Овој митинг е само една  од активностите за одбележување на 11 Октомври.